Педесет и двегодишната Британка, која поради туморот изгуби дел од јазикот, повторно може да зборува благодарение на хирурзите кои успеаја со парче од нејзината нога да и направат јазик. Сју Ансворт имаше рак на јазикот, а докторите и соопштија дека единствен спас од оваа болест е да и се отсече половина од јазикот.
Осумчасовната операција, која вклучуваше и земање на мускулно ткиво од ногата на Ансворт заврши успешно.
„Околу 85 отсто од говорот веќе ми се врати. Докторите велат дека добро напредувам“, вели Ансворт.
Засега средовечната Британка јаде само мека храна и вели дека се уште немала храброст да си го погледне новиот јазикот во огледало.
„Ќе ми треба време да се навикнам“, вели Ансворт.
|