Млад Шкотланѓанец, кој како поштар бил вработен во Франкфурт, цела година не ги испорачувал писмата и пакетите, бидејќи, како што вели, работата му била пренапорна.
Поштарот е уапсен откако еден сосед го видел како ја фрла поштата во контејнер за ѓубре. Полицијата подоцна со пребарување на неговиот стан, пронашла вреќи неиспорачана пошта. Според груба проценка, во куќата имал најмалку 20 илјади писма и други пратки. Биле потребни два камиони за да се однесе поштата. Момчето на полицијата и кажал дека го исцрпило вечерното училиште што го посетувал и дека преку ден немал сила за работа.
|