Сури, двегодишната ќерка на Кејти Холмс и Том Круз, е опседната со пари. Наместо со кукли таа сака да си игра со зелени банкноти, на шега напишале американските таблоиди.
Приказната се појавила откако на една прошетка низ Лос Анџелес, Холмс и Сури подолго време биле следени од еден папарацо кој сликнал кога славната мајка на Сури и дала банкнота од сто долари за да и го привлече вниманието. Актерката, која наскоро ќе ги стартува подготовките за театарското деби на Бродвеј, одморот го искористила максимално да му се посвети на детето и секој миг да го помине со Сури.
|