Корејскиот мост "Банпо" кој изграден над реката Хан во Сеул, полека но сигурно станува туристичка атракција. Причина за се поголемата популарност и посетеност е фонтаната, која е ставена во функција во почетокот на септември, и од тогаш стана вистински празник за очи.
Фонтаната на мостот е долга над еден километар и има речиси 10 илјади млазници од секоја страна - низ кои во една минута поминуваат над 60 тони вода.
Водата се црпи од реката Хан, а по падот од 20-метарскиот мост, (нормално) повторно се враќа од каде што дошла.
Фонтаната има 100 различни кореографии, односно го менува својот облик и боја во ритам на музиката која свири во позадина.