Излезе новото издание на Гинис 2009-та, со нови и необични светски рекорди. Во ова издание како најнеобични ги издвојуваме подводната прес конференција со 61 новинар и човекот со најтенок струк, само 53 сантиментри.
Атракција е и најдолгиот пес на светот. Ирскиот вучјак Ами е долг два метри и 32 сантиментри, додека 15 сантиметарската чивава Бренди е прогласена за најмало куче на светот. Легендарниот бенд Лед Цепелин оваа година се најде во гинисовата книга откако за нивниот повратнички концерт во лондонската Арена, карти побарале дури 20 милиони луѓе! Веќе пишувавме за славните особи кои оваа година влегоа во рекордерите. Мега популарниот пар Џоли/Пит како најмоќен пар во светот, Бритни Спирс како најбарана славна особа на интернет и Ејми Вајнхаус како британка со најмногу освоени Греми награди. Данското кино во Корсор, е впишано во Гинисовата книга на рекорди како најстарото активно кино во светот. Малото и независно локално кино кое го управуваат 30 доброволци, во август годинава ја прослави својота 100-та годишнина од постоењето. Гинисовата книга на рекорди прв пат е издадена 1954 година, а и самата постави сопствен рекорд на листите на светските бестселери. Идејата за издавање книгата ја добил Сер Хју Бевер, сопственикот на пиварата "Guinness", па од таму и денешното име на Гинис-овата книга на рекорди.
|