Една недела откако раскина со својата свршеница Нереида Гаљардо, Португалецот наводно повторно е заљубен. Среќната добитничка е 30-годишната италијанска убавица Летиција Филипи. Новата љубов на Кристијано Роналдо е 30-годишната Италијанка Летиција Филипи, пишуваат италијанските медиуми.
Седум години постарата убавица, Португалецот ја запознал на Капри за време на летувањето со сега веќе поранешната девојка Нереида Гаљардо. Летиција во 1994 година била втора придружничка на Мис Италија и тоа на 17-годишна возраст. Подоцна оваа бринета се прослави како хостеса во забавните програми на италијанската телевизија. Наводно била во врска и со Алберто Томба помеѓу 1994 и 1996 година. Така што испаѓа дека Роналдо не ја напушти Нереида, ни поради нејзината промискуитетност и луд живот, ниту поради неговата мајка, која не ја сакала, туку поради – друга жена. Летиција ја запознал заедно со Нереида, на вечера во еден ресторан на Капри, а биле во друштво на Фабио Канаваро (интересно, фудбалер на Реал) и неговата сопруга. Откако ја запознал, остатокот на вечерта не го тргал погледот од неа. Едноставно, го магепса, пишуваат италијанските медиуми. Откако ја остави Нереида, долго време го барал нејзиниот број. Следеле безброј смс пораки, а потоа и серија богати цветни аранжмани на вратата на 30-годишната Италијанка.
|