|
Дома
|
|
Недостатоците ги палат мажите |
|
На мажите им е попривлечна жена без шминка. Исто и ако има заболено стомаче, газе, па дури и стрии. Жените од сите возрасти се изгладнуваат со диети и се мачат со стомачни вежби за да го израмнат "тој грозен стомак", а нему токму тој му е секси! Мажите сакаат облини затоа што тие ним им значат плодност, а повеќето сакаат меки тела наместо вреќа со коски.
На високи потпетици сигурно изгледате прекрасно, но ако посакате да ги соблечете - само напред. Нему вашиот потег сигурно ќе му се допадне. Жената кога оди боса изгледа непредвидливо и нескротливо и како да ветува луд, див секс. Ако имате мали гради не очајувајте, оти на некои мажи токму такви повеќе им се допаѓаат. Малите гради се обично цврсти и стојат токму како што треба, т.е. не можат да свиснат. Затоа за могу мажи тие се знак за младост и виталност. Ако појдете в кревет со долен дел од тренерка, стара маица и памучни гаќички, повеќе можете да го запалите одошто во скапа облека од тантела. Мажот сака да ја види својата девојка со обична облека оти така изгледа дека не планирала секс, а тој успеал да ја наговори. Со неуредна фризура и остатоци од шминка на лицето на својот маж ќе му изгледате како штотуку да сте воделе љубов и затоа ќе му бидете слатки. Затоа, не трчајте веднаш во бањата за да се средите... Ако сакате деца и обожавате да си играте со нив, не воздржувајте се пред својот маж мислејќи дека ќе му изгледате чудно. Вашето однесување ќе му покаже дека сте трпеливи, внимателни и нежни.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1020mb |  5 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  10 km/h |
|
|