|
Најстарата баба на FaceBook |
|
Кога 102-годишната Иви Бин разбрала за Фејсбук од вработените во старечкиот дом во Брадфорд, каде што живее, изразила желба и таа да учествува во интернет заедницата.
Следниов месец оваа прабаба ќе наполни 103 години, а врската со пријателите и семејството ја одржува преку е-маил пораки. Групата „Најстари луѓе на Фејсбук“ е отворена токму од Иви, а таму таа објавува информации и видеа за нејзе. „Слушнав за Фејсбук и сакав да дознаам за што се работи“, рече баба Иви која се решила да стане членка откако разбрала дека најстарата личност на Фејсбук е 97-годишна Французинка. „Сега на мојот профил имам само девет пријатели, но се надевам дека ќе имам повеќе. На страницата ќе ставам и свои фотографии“, вели Иви. Оваа современа баба има 60-годишна ќерка Сандра, двајца внуци, 33-годишниотЕндрју и 29-годишниот Герет, како и правнуците: Никол, Кло и Сем.
|