Дома Забава Занимливости Наоми избришана од ВИП
|
|
Наоми избришана од ВИП |
|
Манекенката Наоми Кемпбел била избришана од листата на ВИП-гости што ќе присуствуваат на забавата по повод деведесеттиот роденден на Нелсон Мандела. Како што пишува магазинот "Дејли маил", поранешниот јужноафрикански претседател им наредил на организаторите да го откажат нејзиното појавување во свечената ложа поради нејзиното агресивно однесување.
"Самиот Мандела побара да биде откажано гостувањето на Наоми, поради можноста таа да направи нов инцидент, со што ќе го наруши концептот на хуманитарниот музички хепенинг", изјавил еден од организаторите. Иако важеа за големи пријатели, Наоми дури го нарекуваше и нејзин дедо, сепак таа ја изгуби довербата кај големиот хуманитарец, откако неколкупати беше викана на суд поради агресивното и недолично однесување.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  5 km/h |
|
|