Новиот јапонски мобилен телефон автоматски ќе ја отклучува вратата на автомобилот на својот сопственик, а возачот ќе може да го активира моторот и без употреба на клучот.
Телефонот го изработи "Sharp Corp", а во текот на производството користена е технологија која веќе ја користи компанијата "Nissan Motor". Оваа технологија наречена "Интелегентен клуч", му овозможува на возачот да влезе во автомобилот и да го активира моторот без употреба на клуч. Таканаречениот систем на осетливост, кој е вграден во повеќе од 1 милион автомобили во Јапонија, ќе овозможи да бидат изведени овие "магични" промени. Имено, кога одговарачкиот клуч ќе се најде во близина, неговата присутност системот ќе ја "осети" и автоматски ќе ја отвара вратата, а откако ќе биде во автомобилот, следи и активацијата на моторот. Јапонскиот телефон е базиран токму на оваа иновативна технологија на Nissan, а системот ќе може да работи на мрежата на најголемиот оператор во Јапонија - NTT DoCoMo Inc. Од компанијата најавуваат дека телефонот ќе биде претставен на конференцијата за технологија CEATEC, која ќе се одржи следната недела во Јапонија. Телефонот на пазарот ќе се појави во пролет следната година.
|