Победничката од последната група девојки - Елена Гаќеша, Бисера Јаковчевска, Наталија Славковска, Андреа Шќекиќ и Ива Сливјаноска, учеснички во првиот од ваков вид избор кај нас Летна мото убавица, во организација на мото-порталот www.motori.com.mk ќе биде позната денеска.
Веќе утре најдобрата од оваа група, заедно со досегашните финалистки Дијана Недева, Кристина Станојкова, Ива Михајловска и Ивона Кировска ќе се натпреварува за титулата Летна мото убавица. Финалето стартува во 13 часот на охридската плажа Корали, пред шанкот на Т-Хоме. Петте финалистки облечени во модели на модната куќа Кара ќе позираат на најексклузивните мотори што можат да се најдат во Македонија.
|