На странските проститутки кои работат во норвешкиот град Берген понудено им е бесплатно да го учат норвешкиот јазик, како и подобар пристап до информации за нивните законски права. „Благодарејќи на подоброто познавање на норвешкиот јазик, ќе им биде полесно да се вклопат во општеството, а и животниот стандард ќе им се подобри“, изјави за норвешките медиуми, Лене Стимлер од локалниот Црвен крст.
Повеќе од половината од 400 до 500 проститутки кои работат во Берген, се од странство, воглавно од источна Европа и од Нигерија. Часовите по норвешки ќе почнат во септември. Стимлер за ова разговарала и со градските челници, а покрај тоа работи на тоа и странските проститутки да имаат здравствено осигурување и сака да стекнат доверба во полицијата. Учењето на норвешки јазик, за странските проститутки би било одличен потег, затоа што во догледно време ќе можат да си пронајдат некоја друга работа, сметаат експертите.
|