Џејми Врајт, е 21 годишен дечко од Истбурн, кој на многу паметен начин ги наведува жените во кревет - откако сватил дека премногу личи на Кристиано Роналдо. "Бев во еден ноќен клуб во Манчестер кога ми пријдоа три девојки и ме прашаа дали сум јас Роналдо. Не им потврдив, но не ни одреков. Отидовме во хотел и поминавме неверојарна ноќ", открива Џејми.
"Научив неколку збора на португалски па им зборувам дека се убави, а девојките не ни го приметуваат мојот лош изговор бидејќи се уверени дека јас сум Роналдо. Една девојка дури сабајлето примети дека јас всушност не сум вистинскиот Роналдо", додава двојникот на ѕвездата на "Manchester United". Освен уживањето со убави девојки, Џејми како верна копија на Португалецот дневно заработува до 800 фунти, позирајќи за "возрасни" магазини и таблоиди. "Еднаш престојував во "Hilton" во Лондон и во собата дојдов со девојка. Персоналот дури на сапунот ги имаше втиснато иницијалите 'C.R.', па така тој детал ми ја олесни работата!"...
|