1. Дури и половина чаша алкохол испиена за еден час е доволна да ја намали фунцијата за самоконтрола, способноста за расудување и концентрацијата. 2. Самодовербата се зголемува, стануваме повесели и зборуваме погласно. Со ова се објаснува фактот дека алкохолот е добар за воспостваување на социјални контакти.
3. Ако продолжите да пиете 2-3 пијалаци за време на еден час, моторните способности драстично се намалуваат, а при говор јазикот почнува да се "плетка". 4. По четири или пет пијалаци во текот на еден час се отежнува проценувањето на движењата и оддалеченоста, а периферниот вид драстично ослабнува. 5. Кога алкохолот во крвта ќе досегне два промила - рамнотежата се нарушува, па се јавуваат проблеми со одењето и стоењето. 6. Во следната фаза станувате паралитични, раздразливи, мачно ви е, рефлексите ослабнуваат. 7. Ако продолжите со пиењето и нивото на алкохол досегне 3,5 до 4 промили, тогаш организмот почнува да се бори за живот. Ако алкохолот дојде до делот на мозокот кој го контролира дишењето и циркулацијата веројатноста се да заврши трагично е многу голема.
Утрото потоа... Неколку совети како да го совладате мамурлукот:
- пијте многу вода, по можност со малку растопен шеќер кој ќе го подигне нивото на гликоза во крвта која пак помага при отстранување на алкохолниот токсичен отпад, кој предизвикува главоболка - пијте свежо исцеден сок од лимон или портокал бидејќи содржи многу витамин Ц и Б - јогуртот е исто така добар лек против мамурлук, како и бананите и јагодите. извор:вечер
|