"Човекот дрво", кој лани ги преплави светските медиуми со својата шокантна приказна, конечно е излечен!. Да потсетиме, до лани неговата кожа беше заразена од напреден облик на ХПВ, што резултираше со гливични израстоци на поголем дел од неговото тело.
Нозете и рацете му изгледаа како трупци дрво, по што и го доби непријатниот прекар. Тој од чудовиште, сега се враќа на изгледот на нормален човек.
По објавувањето на шокантните фотографии лани, специјалистот по дерматологија др. Ентони Гаспари доброволно се јавил да му помогне на несреќникот.
По 9 месеци комплицирани операции и одстранети 5 килограми израстоци, заболениот Деде веќе личи на нормален човек.
Индонезиецот вели дека се осеќа препороден.
"Лани неможев да облечам ни кошула ни пантолони. Сега тоа го можам сам и навистина е преубаво чуството нормално да се функционира", додава среќниот пациент.