Министерот за сообраќај во владата на Уганда - Нсаба Бутуру, бара со закон да се забранат мини здолништата поради тоа што тие им го одвлекуваат вниманието на возачите и предизвикуваат голем број сообраќајни незгоди.
Според Бутуру, кога жената носи мини здолниште - тоа е исто како да оди гола по улицата.
"Ме прашувате што е лошо ако жените носат мини здолништа?
Ништо, освен што е тоа причината за големиот број сообраќајни незгоди, бидејќи некои наши луѓе ментално се премногу слаби и размислуваат за тоа што ќе го видат на тротоарот, а не за сообраќајот", вели министерот.
"Деновиве е тешко на улица да се направи разлика меѓу мајка и ќерка, бидејќи сите жени шетаат практично голи", додава Бутуру.
Уганда е прва земја во светот која бара забрана за мини здолништата - со вакво образложение, известува BBC.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...