|
Девојче со две лица - божица |
|
Девојчето, кое што пред еден месец се роди со две лица, два носа, две усти и очи, е почитувана како реинкарнација на индиска божица во нејзиното село во северна Индија. Стотина верници доаѓаат да го видат девојчето Лали и нејзините сиромашни родители, со цел да и ги допрат стапалата и да го добијат нејзиниот благослов.
Сабир Али, директор на болницата во Саифи, каде е родено девојчето, вели дека детето, инаку сосема здраво, го предизвикало вниманието во зафрленото село Саини, 40 километри од Њу Делхи. Вешнаш откако ја напуштило болницата, осум часа по породувањето, кај неа почнале да доаѓаат луѓето од нејзиното село. Девојчето е родено со многу ретка аномалија позната како краниофацијална дупликација, со едно тело и глава, но со две лица.
|