Дома Забава Занимливости Го уловија Младич ??????
|
|
Го уловија Младич ?????? |
|
59-годишниот Александар Исаиловиќ предизвикал збрка во српската разузнавачка служба и во медиумите. Аца пред десет дена бил уапсен на автобуска станица, под сомнение дека се работи за Ратко Младиќ. Александар Исаиловиќ или како што го викаат Аца Чича од Вождовац бил уапсен пред десет дена од пет неидентификувани лица на автобуска станица, мислејќи дека е Ратко Младиќ.
Исаиловиќ, кој многу личи на генералот Младиќ, бил задржан два дена на непозната локација. Му било земена крв, поради проверка на ДНК, и на крајот му биле дадени 50 евра дневница за да му ги надоместат изгубените денови на работа. Сведок, кој пред десет дена лично присуствувал на апсењето на Александар Исаиловиќ, открива за српскиот весник Курир што всушност се случило тоа утро околу девет часот на автобуската станица. „Го видов како пред мене излегува од автобусот и како беше сопрен од три лица. Веднаш му ставија лисици на рацете, а тој праша ’што направив луѓе?’ Еден од лицата пред него му рече да ќути и да тргне со нив. Не се легитимираа, туку само го зедоа се себе во автомобилот. Го запишав и бројот на регистрацијата затоа што се уплашив за Александар“, објасни сведокот. Несреќниот Исаиловиќ навистина личи на Ратко Младиќ, а групата го одвела о надеж дека за него ќе добијат парична награда. „Човекот е во страв откако го ’уапсија’ киднаперите. Како што знам, два дена бил во некоја колиба в шума. Со никој не сака за тоа да разговара. Рече дека му ваделе крв за да му направат ДНК тест и дека в џеб му тутнале 50 евра, како дневница. Инаку, Аца неколку дена претходно се жалеше дека некој го следи, но никој не му верувавме, бидејќи знаеме дека тој е само обичен чувар. Раскажуваше како зад себе секогаш забележува неколку исти луѓе“, изјави неговиот сосед .
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  5 km/h |
|
|