Дома Забава Занимливости Главен град на Турција
|
|
Главен град на Турција |
|
Глумицата Шерлиз Терон нема поима од географија. "Многу ми се допадна Турција и нејзиниот главен град Будимпешта", изјавила во едно интервју, каде Будимпешта дури три пати ја споменала како главен град на Турција.
Шерлиз Терон има репутација на една од најпаметните глумици во Холивуд, според ова може да претпоставите колку се паметни другите? Оскаровката страствено зборувала за нејзиното патување во Будимпешта и оваа европска метропола ја споменала дури три пати. Но, притоа мислела на турскиот град Истанбул, кој го посетила со својот дечко, глумецот Стујарт Тонсенд, додека ја шетале турата - Пат околу светот за...(не се знае точно колку дена). "Бевме во Турција. Кога пристигнавме таму изнајмивме автомобил и заминавме за Будимпешта. Кога стигнавме во градот тој изгледаше како филмскиот фестивал во Кан. Никогаш не сум видела нешто слично", изјавила Шерлиз. А всушност Шерлиз била на Филмскиот фестивал на Блискиот Исток - во Истанбул. Ѕвездите понекогаш знаат да се посрамотат. "Кога патуваме, не сакаме да престојуваме во скапи хотели, сакаме да бидеме дел од културата на Земјата", рекла Шерлиз. Можеби ќе дојде денот кога нема да учи само за културата на земја туку и за градовите во кои престојува. Барем поголемите.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  calm km/h |
|
|