Белите боксерици број 28 од брендот "Келвин Клајн" на Мајкл Џексон од вчера се на продажба. Гаќите му беа конфискувани во 2003 година како доказ во судењето за сексуално злоставување на дете, а се најдоа на он - лајн аукција на "e-bay".
Почетната цена е неверојатни милион долари, а освен неговата износена долна облека, на продажба се најдоа и рачно напишаните писма за поништувањето на неговиот брак со ќерката на Елвис Присли.
За бизарноста да биде уште поголема, на понуда е и пола туба крем за избелување која тој ја користел. Сите предмети ги продава Хенри Вакаро во чија сопственост се по банкротирањето на некрунисаниот крал на поп-музиката во 2005 година.