Стејси Фергусон, позната како Ферги, одвај чека да го дочека своето глумачко искуство како проститутка во мјзуклот на Роб Маршал, веќе споменатиот Nineu, кој би требало да започне да се снима оваа есен.
Освен глумачкиот талент на Ферги за филмот Nineu, таа ќе ги покаже и своите гласовни способности така што ќе ја отпее песната Be Italian со Гуид, односно Даниел Де Луис. "Таа ќе биде проститутка на плажа која ќе го воведе Гуид во својата сексуалност. Воодушевена сум од својата улога", рекла пејачката со вистинско име Stacy Ferguson која додала дека е пресреќна што конечно ќе запее, но не како Ферги. "Пеам, но не како јас. Овој пат со пеењето ќе претставувам некоја друга. Тоа е навистина возбудливо", заклучила познатата пејачка, која исто така глумела во Planet Teror на Роберт Родригез. Ферги моментално го снима албумот со групата lack Eyed Peas, нивниот нов албум по три годишната пауза.
|