Електронската пошта, смс пораките, интернетот, телефонот и факсот - шведскиот парламент даде зелено светло за државен надзор на сите овие комуникации со странство. Потегот е образложен со настојувањето да се препознаат опасностите кои доаѓаат од надвор.
Шведскиот парламент со 143 гласови "за" и 138 "против" го усвои предлогот на премиерот Фредрик Рајнфелд.
Организациите за заштита на човековите права го окарактеризираа законот како екстремен и без преседан во меѓународни размери, кога станува збор за кршењето на заштитата на приватноста, бидејќи на државните власти им дава неограничено право на прислушкување и следење на комуникациите, без потреба да се наведат конкретни причини за сомневање.