Дома Забава Занимливости Воскреснување на цепелинот
|
|
Воскреснување на цепелинот |
|
Развојот на технологијата, подобрите материјали и софистицираниот погонски состав, се чини дека ќе ги вивнат цепелините пак во висина меѓу облаците. Зошто да летате со авион кога по небото може да се лебди и при тоа да се ужива во прекрасната глетка, пишува Treehugger.
Поминаa повеќе од 70 години откако гигантскиот Хинденбург цепелин експлодирал над Лејкхурст, Њу Џерси. Во таа несреќа животот го изгубија 36 припадници на екипажот и патници. Таа случка го означи крајот на ерата на цепелините.
Следен во плутачкиот воздушен хотел, патниците ќе можат од воздух да го глеадат стадото на зебри во Кенија или да ја доживеат панорамата на зајдисонце во Париз.
Ако успее Францускиот архитект Jean - Marie Massaud своите соништа да ги претопи во реалност, лебдењето по воздух повторно може да стане нов начин на забава за туристите кои се секогаш желни за новитети.
Massaud дизајнирал неколку хотели во Калифорнија, потоа стадионот во Мексико, а следна желба му е да направи луксузен цепелин – хотел во облик на кит. Меѓутоа за својот проект се уште не нашол спонзор.
Сепак, тој не е единствениот кој сака цепелините повторно да пливаат по небескиот свод.
Неколку компании во Германија и Франција имаат иста желба и работат на нејзино остварување, а поради тоа што возењето со авион е се понеисплатливо заради порастот на цената на горивото и големото загадување на околината, цепелините би можеле да воскреснат и да станат повторно владетели на воздушниот сообраќај.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  11 km/h |
|
|