На последниот натпревар во "боди пеинтинг" одржан во Мадрид, многу професионалци и аматери ги покажаа своите вештини во сликањето на голото тело. Боди пеинтинг-от од 60-те години на минатиот век се вовлече во урбаната култура, како еден вид на уметност на боење на голото тело, или пак само боење на одредени делови.
Сепак, оваа уметност е често поврзувана со пропагирањето на слободата на нудизмот и како еден од начините за привлекување на внимание за различни политички протести. На пример, "РЕТА" често го користи во своите демонстрации. Денес, насекаде во светот се одржуваат различни боди пеинтинг фестивали. Последниот натпревар од овој тип се одржа во Мадрид.
|