|
Ајфелова кула за 30.000 евра |
|
Копија на париската Ајфелова кула, која се наоѓа во градот Ајен во централниот дел на Франција, е ставена на аукциска продажба преку интернет за сума од 30.000 евра. Копијата на Ајфеловата кула е висока само 17,2 метри, односно 20 пати помала од оригиналот, и тежи околу седум тони. „Лажната“ кула е изработена од локалниот ковач Жан-Пол Коду, по повод стогодишнината од изградбата на вистинската Ајфелова кула.
- Ја изградив врз основа на оригиналните планови. Работев секоја ноќ, цела година, изјави Коду.
Сепак, поради лични проблеми, тој е принуден да го продаде своето дело, иако признава дека премествањето на кулата нема да биде нималку лесно.
Идниот сопственик ќе мора да ја пресече кулата на три дела и да ја префрли со камион или хеликоптер.
|