Џим Кери (46) ги изненадил туристите на плажата во Малибу појавувајќи се во црн женски костим за капење во друштво на својата девојка Џени МекКартни (35). И можеби немало да биде ништо необично ако костимот не наликувал на оној на Борат.
Очигледно американскиот комичар посакува поинтензивен третман од медиумите, што и му оди од рака со копирањето на Борат. Актерот и манекенката во врска се од 2005 година, а секој заеднички миг го користат за да покажат колку им е убаво заедно.
Така било и на Малибу кога извеле мал перформанс за папараците. Прво Џени се прошетала во "спорниот" костим, а потоа му го дала на Џим, кој се надева дека ќе воведе нови трендови во машката облека за плажа.