Поп и фолк пејачката, атрактивната и провокативна Јулија, летово ќе ги забавува гостите во познат ноќен клуб во Анталија, Турција. Јулија ќе ги спои одморот и работата. Преку ден, ќе се сонча на песочните плажи, а ноќе ќе ги забавува гостите во клубот со познати медитерански песни и ќе пее на руски, ромски, англиски, македонски, турски, но и на грчки јазик.
- Веќе неколку години не одам во Грција, ниту на одмор, ниту по работа. Револтирана сум од целата состојба на непризнавање на Македонија под уставното име од страна на Грција и и не сакам да стојам во ред за виза. Но во музиката не постои политика. Јас сум темпераментна жена, и сакам песни во кои се игра и се кршат чаши, а такви се грчките", вели Јулија. Сексапилната пејачка со бујни гради ни се пофали дека с・уште е во врска со помлад дечко од неа. На прашањето дали ќе ја придружува во Турција, вели дека тој останува во Скопје, но ќе водат љубов преку смс пораки.
Пред Турците и туристите, Јулија ќе запее и ќе заигра во секси облека во која се чуствува комотно. Таа секое лето во последниве неколку години настапува во ноќни клубови во Истанбул, а ова ќе ・биде прво гостување во Анталија. Таа ни се пофали дека добро и одат и настапите преку океанот кои се резервирани од септември. Во 20 годишната кариера, Јулија има снимено шест албуми, а до сега испејала 100 нејзини песни. Најавува настап на Тетовскиот фолк фестивал во август во манастирот Лешок со чалгачиска песна со текст на Фиданка Танаскова и музика на Ангел Ќосев, и хуманитарни концерти низ Македонија.
|