|
СЛАВАТА знае да удри во глава. На некој помалце а на некој повеќе. Пеачката на хитот "Umbrella", Рајана, изгледа се удрила доста во главата - поради размазениот испад избркана е од венчавка.
Од фотографијата може да се види провокативниот комплет со кој се појавила таа на венчавката на својот сограѓанин Nigela. Лепотицата од Барбадос била “замолена“ порано да си оди дома, затоа што со својата појава и понашање ги шокирала присутните. “Ме шокира облеката која ја имаше Рајана на себе. Како и да се завртеше, изгледаше дега во секој момент ќе и испадни градата“, изјавил еден од присутните. Но тоа не е се. Како и други размазени звезди, Рајана одбила да ја јаде храната која им била сервирана на гостите. “Нашата храна изгледа не била доволно добра за звезди како неа“, изјавил друг гостин. Врв на работите бил моментот кога на младоженците им “прекипело“ затоа што Рајанаго одвлекувала вниманието на присутните, а тоа било “нивни ден“. “Ја замоливме да си оди. Таа свати и се сложи на тоа“, изјавил пријател на младоженците. Епаааа, тоа ти го прави славата. Никој не им е крив на младоженците кога не се славни :)
|