Дома Вести 43,5 милијарди за шпионажа
|
|
43,5 милијарди за шпионажа |
|
Во фискалната 2007-ма година, САД за шпионажа потрошиле 43,5 милијарди долари, објави администрацијата, почитувајќи го новиот закон кој пропишува објавување на овие податоци.
Овој износ, кој е приближно еднаков на годишниот БДП на земји како Хрватска или Катар, ги надминува буџетите на сите други земји, вклучувајќи ја и Велика Британија, која како најблизок сојузник на САД, троши 10% од оваа сума. Канцеларијата на директорот на разузнавачките служби на САД, наведува дека освен вкупната сума, нема да објавува други детали за буџетот за разузнавање. Законот за објавување на овие податоци беше донесен од страната на Конгресот во август, по препорака на комисијата која водеше истрага за нападите на 11 септември 2001-ва. Разузнавачките агенции со години се противеа на објавувањето на податоци за буџетот, тврдејќи дека со тоа ќе добијат непријателите на земјата. Сумата од 43,5 милијарди долари за 2007-ма е двојно поголема од сумата потрошена во 2001-ва година. Во оваа сума се вклучени околу 10 милијарди долари, колку што потрошила воената разузнавачка служба.
Буџетот за разузнавачките агенции учествува со 1,6% во вкупниот буџет на САД за 2007-ма и со околу 10% во воениот буџет, не сметајќи ги вонредните износи за воени дејствија. „Американскиот народ има право да знае што се приоритетите на неговата влада и дали трошиме премногу или премалку за шпионирање“, изјави Џон Рокфелер, претседател на Одборот за разузнавачките служби во Сенатот и член на Демократската партија.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|