|
Дома
|
|
Храм стар 4000 години |
|
|
Храмот стар четири илјади години украсен со многубројни ѕидни слики е откриен на северната обала на Перу. Ова воедно е едно од најстарите откритија во Америка, изјавил Walter Alva, археологот кој го водел ова ископување.
Храмот кој е опкружен со остатоци од ѕидини, има столбови кои водат до местото на кое се давале жртви кое научниците го нарекле Ventarron. Храмот се наоѓа во долината Lambayeque, во близина на древниот град Сипан кој го открил Алва уште во 1980 година. Ventarron бил изграден многу пред Сипан, односно околу две илјади години пред Исус, кажал Алва. "Најмногу изненадува начинот на градење, неговата конструкција и ѕидините кои се можеби најстари во цела Америка", додал тој. Lambayeque е 760 километри одалечен од Лима, перуанската престолнина. Перу е богато археолошко наоѓалиште, помеѓу кое е и тврдината на Инките Machu Picchu во Андите.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | -4°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -4°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  calm km/h |
|
|