Кина најави нови идеи за зајакнување на политиката на семејно планирање во руралните области, каде властите се сочуваат со големи потешкотии при спроведувањето на ограничувањата на раѓањата и контролата на наталитетот.
Кинеските власти од 70-те години од минатиот век воведоа семејни ограничувања на бројот деца што варираат, но најчесто на едно семејство му се дозволува едно дете, додека во руралните области по две.
Таквата мерка е со цел да се ограничи бројот на населението на 1,3 милијарди и максимално да се зголемат поволностите од економскиот раст.
Локалните власти веќе се соочуваат со редица проблеми - насилство и корупција при спроведувањето на мерките определени од Националната комисија за планирање на населението.
Затоа Пекинг ја разгледува мерката за финансиска помош за семејствата кои ќе ги почитуваат ограничувањата.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...