|
Бугарската агенција за вработување започна да прибира понуди на кандидати заинтересирани за работа во Германија, врз база на договорот склучен со германските сојузни власти.
Како што јави агенцијата Бгнес, огласот е објавен за специјализирана работна сила од осум различни области, според кој Германците бараат ѕидари, медицински сестри или негователи на стари лица, агрономи, специјалисти по хортикултура, бравари, машински инженери, фризери и козметичари и маникири. Кандидатите треба да бидат бугарски граѓани, на возраст до 40 години, да имаат завршено соодветно образование од областа што се бара и една година работно искуство, како и солидно да го познаваат германскиот јазик. Платите се различни во зависност од работодавецот, на пример еден ѕидар би бил платен 13.76 евра за час, а би имал обезбедено сместување, кое би го чинело 75 евра месечно. Медицинските сестри би биле платени 1.679 евра месечно, а предвидено е да добиваат и други бенефиции.
|