Во мексиканската сојузна држава Табаско во тек е голема спасувачка операција, откако големите врнежи предизвикаа најголеми поплави во последниве 50 години.
Поголем дел од државата е под вода, а десетици илјади луѓе се заглавени, како што нивото на водата продолжува да расте. Многумина чекаат на покривите од нивните домови, додека други се држат за бандери.  Претседателот Фелипе Калдерон рече дека се работи за една од најлошите природни катастрофи во историјата на Мексико. Тој побара сите да испратат пари или основни продукти. Гувернерот на Табаско рече дека се погодени повеќе од еден милион луѓе, а состојбата ја спореди со поплавите во Њу Орлеанс, кој беше погоден од ураганот Катрина.
|