Од кубански брод, поради невреме испаднале најмалку шест контејнери полни со банани. Па илјадници банани „допловиле“ до холандските острови во Северното море.
“Мислам дека сега сите имаат банани на своето мени“, изјавил официјален преставник на холандските поморски власти. Жителите на островот Терсшелинг, 115 километри северно од Амстердам, на своите плажи можеле да пронајдат банани во должина од еден километар. Бананите пристигнале и до соседниот остров Амеланд. Слични случаи на островот Терсшелинг не се ретки. Пред една година, неколку илјади патики, алуминиумски ковчези и играчки се најдоа на плажите, додека пред 20 години на плажите допловиле големи количества џемпери.
|