|
Дома
|
|
Најскапи градови |
|
Лондон е на второ место меѓу најскапите градови во светот, пишува денеска британскиот весник „Дејли телеграф“, повикувајќи се на резултатите од проучувањето на електонскиот сајт „Прајсранер“.
Патувањето до работа, шолја кафе и млеко се најскапи во Лондон, во споредба со 27 други места во светот. Единственииот град каде што млекото е поскапо е Осло, со што го зазема првото место на листата најскапи градови на „Прајсранер“. Во исто време, веб страницата ги проучила цените на персоналните компјутери „Епл“, литар бензин, билет за кино и чаша Кока-кола. Цените на тие производи се највисоки во Лондон. Авторите на проучувањето ги посочуваат големите заработки, кои што британската Влада ги добива од високите цени на производи како цигарите и нафтата, поради даноците на тие производи. Според „Прајсранер“, високите даноци се меѓу главните причини за скапите производи во Лондон. 
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  5 km/h |
|
|