Непознат машки глас, кој најверојатно бил на возраст од околу 40 години, во средата попладнето телефонски ја известил белградската редакцијата на "БЛИЦ", за нешто што најверојатно нема да биде долго време заборавено!
"Доколку сакате да сликате навистина грозна работа, отидете на белградскиот Булевар "Крал Александар" број 318 и таму ќе најдете црна пластична ќеса, веднаш до контејнерот. Во неа има отсечена човечка глава. Повикај и полиција, рекол соговорникот со смирен тон преку телефон. Тој не дозволувајќи на новинарот кој се јавил да му постави ниедно прашање, едноставно ја спуштил слушалката.
Машкиот глас бил рамнодушен во тонот, а според акцентот кој го говорел најверојатно станува збор за белграѓанец.
Според начинот на кој зборувал, најверојатно се јавил во редакацијата на "БЛИЦ", од мобилен телефон додека се движел.
Репортерите биле шокирани од телфонски повик, и веднаш заминале на лице место за да се уверат во вистинитоста на дојавата. На Булеварот "Крал Александар", кај бројот 318, се пристигнале две новинарски екипи. По половина час заеднички претрес на улицата меѓу два паркирани автомобили "југо" и "пежо" и еден контејнер, репортерите пронашле пластична црна ќеса.  Кога ја отвориле, здогледале крвава глава на маж со кадрава коса. Над и под левото уво имало дебели резови, кои според се судејќи, нанесени се со остар предмет. Бојата на кожата сведочи дека главата неколку дена стоела во ќесата. Шокираниот новинар успал по мобилен телефон да ја повика полицијата, а набрзина од околните згради кај новинарите се собрале станарите да видат што се случува.
"Боже, дали ова е човечка глава? ги прашала новинарите постара госпоѓа станарка во зградата. "Ја паметам ќесата по смрдеата, но на неа не обрнав внимание и само ја одминав". "Ова е неверојатно, моето куче стално и се приближуваше и ја мирисаше уште од пред неколку дена", додал друг запрепастен станар на новинарите.
По дваесетина минути се појавиле и првите патроли на полицијата, а веднаш потоа пристигнала и увидната екипа од белградската крим техника.
Новинарот на "БЛИЦ", дал изјава во полиција и сите делати кои се објавени во текстов тој ги прераскажал на инспекторите. Два дена по монструозниот чин, се уште се истражуваат деталите околу пронајдената човечка глава. Станува збор најверојатно за прв случај на сериски убиец во соседна Србија. Тој според последните непотврдени информации убил повеќе од две жртви и им дојавувал телефонски на новинарите. Телото на жртвата е идентификувано, објаснија во српското МВР. Меѓутоа, неговиот идентитет нема да биде откриен во јавноста, бидејќи се уште не биле готви ДНК анализите.
Се уште не е готова ни анализата на српскит Институт за судска медицина, односно не се знае со какво сечило била одделена главата од телото. Според состојбата во која била најдена главата, се верува дека е отсечена пред најмалце десетина дена, а потоа ноќно време била фрлена од автомобил кога немало минувачи на улицата. Во меѓувреме српската полиција започнува да ги проверува сите информации на исчезнати машки лица во изминативе два-три месеци.
Пред повеќе од година дена во Нов Белград, е пронајдено измасакрирано тело на четиригодишниот Лука Опачиќ и нему му била отсечена главата. Потоа на идентичен начин е убиен и Василија Трбовиќ. Нивните обезглавени тела биле фрлени во Дунав. Првиот случај од ваков вид е регистриран на 1 септември 2004 година. Тогаш во истата белградска населба измасакриран бил Чедомир Јовановиќ. Неговото распарчено тело беше оставено во фрижидер.
|