Францускиот претседател Никола Саркози денеска доби зголемување на платата, откако Долниот дом на Парламентот донесе одлука од следната година месечните примања на шефот на државата да се зголемат за 140%.
Со оваа одлука Саркози догодина ќе има плата од 20.000 евра, наместо досегашните 8.300. Саркози сепак има помали примања од американскиот претседател Џорџ Буш, германскиот канцелар Ангела Меркел или британскиот премиер Гордон Браун.
Саркози и по уште нешто се разликува од европските колеги - воопшто не му се зборува за приватниот живот.
„Секој ден слушаме нови работи за вашата сопруга. Што се случува?“, го праша новинарка. „Ако имам да кажам нешто за Сесилија, нема да го кажам тоа тука“, изјави Никола Саркози, претседател на Франција. „Сите се прашуваат. Му беа поставени прашања на вашиот секретар за односи со јавноста. Немате ништо да кажете?“, запраша новинарката. „Со право ништо не кажал. Ви благодарам“, одговори Саркози.
|