|
Дома
|
|
Заслепувачки ласер |
|
Последиците од тешките изгореници на ретината почнале да ги чувствуваат следниот ден, а по извршениот преглед било утврдено дека некои од нив загубиле дури 80% од видот. Лекарите велат дека шансите тој да им се поправи се речиси никакви. Повеќе од 30 технаџии во Москва се пожалиле на проблеми со видот по журката која се случувала на отворено.
По музичкиот фестивал на Аквамарин, кој се одржал минатата недела во регионот Владимир на 190 километри од Москва, младите љубители на техно-музиката завршиле во болница со сериозни оштетувања на видот. Според весникот Комерсант се претпоставува дека ослепеле од несоодветно управуван ласер. Последиците од тешките изгореници на ретината почнале да ги чувствуваат следниот ден, а по извршениот преглед, било утврдено дека некои од нив загубиле дури 80% од видот. Лекарите велат дека шансите тој да им се поправи се речиси никакви. Освен очите на младите Руси, кои биле на возраст од 16 до 30 години, биле оштетени и камерите на оние кои сакале да го снимаат настанот. "Се обидов да снимам, но по неколку минути на дисплејот се појавија чудни линии, а камерата целосно се исклучии, изјавил за рускиот весник еден од гостите на забавата. Дел од присутните на фестивалот изјавиле дека ги забележале организаторите како поставуваат тенда над подиумот за играње, бидејќи се плашеле од невремето кое се подготвувало. Притоа ја намалиле висината на ласерскиот пиштол. "Обично ласерот се насочува кон небото. Луѓето кои беа на 50 до 70 метри од него, од време на време се наоѓаа на среде зраците", велат тие. Доколку полициската истрага покаже дека организаторите на фестивалот ги прекршиле правилата за безбедност, повеќе од очигледно е дека ќе се соочат со голем број тужби. На фестивалот присуствувале многу млади. Бил организиран и автобуски превоз со цел да им се овозможи на технаџиите да бидат дел од спектаклот кој се случувал источно од главниот руски град, Москва.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  8 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | -2°C 941mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 5°C 1023mb |  5 km/h |
|
|