|
Најмалку 140 луѓе загинаа во катастрофалната авонска несреќа што денска се случила на аеродромот „Барахас“ во Мадрид. Авион на компанијата „Спанер“ што поаѓал кон Канарските острови, при полетувањето излетал од пистата и се преполовил.
Во авионот имало 173 патници и членови на екипажот. 25 луѓе ја преживале несреќата. Според првичните информации, причина за несреќета бил пожар што избувнал во еден од моторите, по што авионот излетал од пистата. Нема информации дали меѓу загинатите имало и странски државјани. „Се обидуваме да ги насочиме сите наши напори за помагање на роднините на жртвите, воспоставивме посебна телефонска линија и носиме тим на посебно обучени луѓе да помогнат. Правиме се што е во наша моќ да им помогнеме на патниците, на нивните роднини и на шпанските власти. Во моментов немаме точни сознанија за причината за несреќата, ниту за точниот број на жртви“, изјави Хенриет Елекрог, портпарол на авиокомпанијата „САС“. „Очигледно, ова е многу тежок момент, тешка ситуација, па се концентрираме на тоа да добиеме колку што е можно повеќе точни информации, за потоа да ги проследиме до роднините на жртвите, пред јавно да бидат објавени“, додаде Елекрог. Екипи на брзата помош, противпожарни возила се на местото на несреќата. Временските прилики во Мадрид во времето на несреќата биле погодни. Авионот што се урна е од типот Мекдоналд Даглас 82, летало кое обично се користи за кратки летови низ Европа. Шпанската авиокомпанија е подружница на скандинавската авиокомпанија „САС“, има високи безбедносни стандарди и многу мал број несреќи.
|