Дома Вести Македонија
|
|
Македонија
|
{mosimage} ДУИ ќе биде партнерот на ВМРО-ДПМНЕ од албанскиот политички блок во новата коалициона Влада. Помеѓу останатото, некои од најважните причини за коалицирањето се убедливата предност во број на партеници пред ДПА, која, овојпат е толкава што тешко може да се игнорира, како и се уште свежите разочарувања во ВМРО од двете напуштања, па потоа враќања во Владата кои Мендух Тачи ги направи за неколкуте последни месеци.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} По рекордниот месечен пад во јуни, Македонската берза неделава е лидер во регионот по растот. Индексот МБИ 10 се зголеми за 7,2%, што е повеќе од регионалните пазари на хартии од вредност, па дури и од дел од берзите во Европа.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} „Централниот комитет одлучи да се прошири парламентарното мнозинство со партијата ДУИ. Ова парламентарно мнозинство обезбедува бадинтерово мнозинство за следниот мандат и непречено носење на законите од програмата, кои треба да обезбедат развој и просперитет“, рече Илија Димовски, претставник на ВМРО-ДПМНЕ.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Истражните судии завршија со истрагата за уривањето на хеликоптерот на АРМ кога загинаа 11 мировници. Предметот од понеделникот е предаден во Скопското јавно обвинителство. Сега разрешницата е во рацете на обвинителите. Во Скопското обвинителство вчера не можеа да дадат информација каде е предметот и што следи понатаму поради отсуството на обвинителот Стерјо Зиков, кој е отсутен од земјава. Ниту во Министерството за одбрана го немаат резултатот од вештачењето на несреќата. Велат откако била направена интерна контрола внатре во Министерството, истрагата кај нив е завршена и чекаат епилог од обвинителската и судската истрага.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Девет лица се повредени, од кои две потешко, во четвртокот 15 минути пред полноќ во оружена престрелка во скопското село Радуша. Инцидентот се случил пред чајџилница во сопственост на М.С., а напаѓачите пукале со ловечка пушка, пиштол и автоматска пушка. Со две возила се паркирале пред чајџилницата и отвориле оган кон насобраните. Мета на нападот бил и дваесет и петгодишниот Басфорт Алити, син на Потпретседателот на ДУИ, Рафиз Алити, а дел од истрелите завршиле во околните куќи и дуќани.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Коста Костовски, познат како Коки Кометал, остана без својата јахта со која неколку години се вози по Охридското Езеро. Синот на скопскиот градоначалник Трифун Костовски во Македонија увезол јахта за која до ден-денес не платил царина. Поради тоа царинските служби на 26 минатиот месец му ја собрале од водите на Охридското Езеро. Запленувањето го извршиле од Секторот контрола за истраги при македонската Царина.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Поголема контрола на охридските плажи за летово најавува Комисијата која ги даваше под закуп плажите на охридското крајбрежје. Од Министерството за транспорт и врски, чиј претставници се дел од Комисијата, велат дека преку контроли ќе утврдат дали закупците на плажите, просторот за сончање го уредиле по европски терк, дали имаат служби за спасување и дали капачите се заштитени од скутери и глисери. Ако не се почитува договореното, од Министерството нагласуваат дека прво ќе се опоменуваат закупците за да се отстранат недостатоците, по што ќе следи раскинување на договорите.
|
|
Повеќе...
|
|
{mosimage} Амбасадорските места во Индија и Израел е нова причина за кавга меѓу Министерството за надворешни работи и Кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски. Откако во неколку наврати беше посочувано дека недоразбирањата и несогласувањата околу поставувањето на новите амбасадори меѓу претседателот Бранко Црвенковски и министерот за надворешни работи Антонио Милошоски се надминати, вчера нова преписка меѓу институциите.
|
|
Повеќе...
|
| << Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>
| | Results 65 - 72 of 324 | |
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|