|
Над 700 луѓе го проследија маестралниот настап на Симон Трпчевски во Тетово, со која ја заокружи втората концертна турнеја низ Македонија. Програмата ни малку лесна, но предизвик за Трпчевски. На крајот блирираше со петте биса на кои изведе и преработки на албанската „Шота“ и македонската „Ој девојче“
„Публиката ја сфати мојата порака, уживаше во она што го презентирав и мислам дека композициите врз база на фолкот и македонски и албански, се општо Балкански, направи атмосферата уште повеќе да се вжешти“, рече Симон Трпчески, пијанист. Тетовската публика за прв пат го слушна Симон, ова беше ретка можност на градот да му се донесе вакво освежување. „Прекрасно и освежувачки во секој поглед, посебно за едно наше Тетово каде што имаме многу мала реткост да гледаме вакви врвни уметници. Голема чест да не удостои со еден ваков концерт“, велат посетителите. Средствата од концертот во Тетово, Трпчевски ги намени за подобрување на условите на центарот за култура „Иво Антевски-Смок“, кои за оваа прилика мораше да позајми клавир дури од Гевгелија. Позитивна енергија и насмевки, беа очекувањата на Трпчевски пред настапот, доби многу повеќе од тоа.
|