Покрај секојдневните колабирања на граѓани, лекарите велат дека рапиден е порастот на труења со храна поради непочитување на хигиенско-диететските мерки. Најмалку по шестмина битолчани колабираат во последниве денови како последица на тропските температури што се искачија над 35-тиот степен, информираат од Службата за итна медицинска помош при Здравствениот дом во Битола.
Лекарската евиденција покажува дека колабираат претежно повозрасни лица што имаат проблеми со кардиоваскуларните органи, а не се придржуваат до лекарските апели да не излегуваат во пладневните часови. Колапсите најчесто се случувале по пазарите, на улиците на отворено, но и по банките и други места на кои има поголема фреквенција на луѓе.
- Најчесто се онесвестуваат луѓе со висок крвен притисок. Излегуваат во најжешкото од 11 до 17.30 часот и покрај апелите на лекарите да се избегнува престој на сонце во тој дел од денот. Тие се во трка со времето да ги завршат секојдневните обврски што ги имаат, па ја прескокнуваат или ја поместуваат терапијата и се случува колапс - рече д- р Христо Бојаџиев од Итната медицинска помош. Се случувало да биде побарана лекарска интервенција за лица што колабирале дома по завршувањето на обврските. Според лекарите, рапиден пораст бележат и труењата со храна поради непочитување на хигиенско-диететските мерки.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...