|
Четири момчиња од Куманово, на возраст од 15 до 18 години, вчера вечер силувале две 14-годишни девојки. Едната од двете малолетнички е тешко повредена и е донесена во Скопската клиника. Според информациите од МВР, двете девојки вчера околу 20 часот доброволно отишле во куќата на нивниот другар, зошто едната од нив била во врска со некој од момците. Девојките неколку часа биле малтретирани и силувани.
Потешко повредената досега немала сексуално искуство, ниту била интимна со некого. На двете девојки веднаш им била укажана лекарска помош во медицинскиот центар во Куманово, а едната е итно пренесена во Скопје. Силуваната 14-годишна девојка, најверојатно се наоѓа на Институтот за судска медицина. Заради деликатноста на ситуацијата дежурните не сакаа да откријат. По увидот на екипите на кумановската полиција, од куќата се земени четири покривки за кревет, од повредените девојки и од сторителите се земени крв, урина и облека кои ќе бидат доставени на вештачење. Според информациите до кои дојде А1, едниот од силувачите е син на познат кумановски судија. По истрагата ќе биде поднесен посебен извештај до обвинителството, зошто и повредените и сторителите се малолетни лица.
|