Кампања под мотото „Едноставно е...“ посветена на Националниот план за акција за родова рамноправност, започнува денеска во Скопје.
Министерството за труд и социјална политика (МТСП) преку кампањата има за цел да ги интензивира активностите за превенција и заштита од насилство врз жените, со посебен акцент на трговијата со луѓе како најтежок облик на насилство врз жените и децата.
Денеска ќе се одржи и тркалезна маса на тема „Погласни од врисокот“. Таа се организира во пресрет на 25. ноември - Меѓународниот ден за елиминација на сите форми на насилството врз жените.
Според најавите, Националниот план за акција за родова рамноправност ќе го промовираат министерот за труд и социјална политика, Љупчо Мешков, заменик шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Наталија Дрозд и координаторот на Националната комисија за борба против трговија со луѓе и илегална миграција, Гоце Џуклевски.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...