|
Дома
|
|
Протокол за соработка |
|
|
Денеска во преспанското село Лемос во Грција, преку граничните општини од преспанскиот регион, Преспа од Грција, Пустец од Албанија и Ресен од Македонија, за прв пат во неколку годишната соработка потпишаа заеднички протокол за подобрување и продлабочување на меѓусебните односи. Бидејќи преспа е единствена географска целина, од денеска па во иднина заеднички ќе ги планираат активностите за заштита на животната средина и културното наследство, подобрување на туристичките услуги во регионот, развој на трговските и економските врски и подобрување на пристапната инфраструктура.
Најголем број од заедничките проекти ќе бидат финансирани со средства од фондовите на ЕУ. Потребно е институциите на трите држави да демонстрираат поголема посветеност, за да и помогнат на Преспа, рече градоначалникот на Ресен, Димитар Бузлевски. Неговиот грчки колега Лазарос рече дека, за зацврстување на оваа соработка има силна поддршка од својата Влада. Градоначалникот Едмонд Темелко се пожали, дека Пустец е најнеразвиена општина во регионот, без инфраструктура и заштита на културното наследство, а централната власт со Тирана не го удостојува со одговор на барањето за поддршка на овој протокол.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  calm km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|