|
Дома
|
|
Програма во живо |
|
Скопското Радио Равел од денеска ќе емитува дел од својата програма во живо, збогатена со перформанси, промоции и проекции од областа на филмската, музичката и книжевната уметност.
Програмата насловена „Ноќи на Радио Равел и пријателите“ ќе се емитува во живо до четврток, од 20,00 часот до полноќ, од неколку локации во Скопје. Освен познатите тематски емисии на Радио Равел, четирите програмски вечери ќе вклучат и повеќе концерти на македонски џез и рок музичари, електронска музика, како и промоција на книги и видео спотови. Програмата ќе се емитува од Мала Станица, Арт кафето и книжарницата Или-или. „Ноќите на Радио Равел и пријателите’ се посветени на неодамна починатата Радица Величковиќ, која беше основач на Равел, едно од првите приватни радија во Македонија.
|
|
|
|
|
|

|
|
Временска прогноза
| Ohrid: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Skopje: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Bitola: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Prilep: |  | 0°C 1019mb |  3 km/h |
| | Stip: |  | -5°C 1023mb |  calm km/h |
| | Gevgelia: |  | 4°C 1023mb |  calm km/h |
|
|