Во Македонија се уште има тортура, а само годинава се документирани повеќе сериозни случаи на полициска тортура, се наведува во апелот на Хелсиншки комитет на Македонија по повод Светскиот ден за поддршка на жртвите од тортура 26 јуни.
Хелсиншкиот комитет на Македонија побара земјата што поскоро да создаде национални механизми за превенција од тортура, која се уште ја има во државата.
„Апелираме новата Влада да ги забрза подготовките за ратификација на протоколот од конвенцијата на ОН, со што државата ќе преземе обврска да формира национално тело за превенција од тортура“, соопшти Хелсиншкиот комитет, барајќи од Владата во тоа национално тело да биде вклучен и невладиниот сектор.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...