Охрид е подготвен за прослава на неговиот, веројатно најголем, православен христијански празник Богојавление, кај народот познат како Водици.
За скокање по крстот во осветените води на Охридското езеро, што ќе се случи во сабота на градското пристаниште по 10 часот, во здружението „Богојавление“ досега се пријавени рекордно, околу 400 капачи. Оваа манифестација се очекува да ја проследат повеќе од 10.000 граѓани на Охрид, гости од државата и соседните земји. За привлекување на гости од другите градови, хотелиерите и годинава за празникот ги намалија цените за сместување, за 50%. Оваа атрактивна и најмасовна верско-културна свеченост во земјава ќе ја проследат и голем број турбо-оператори од меѓународниот туристички саем и бизнис форум, што се одржува од денеска во Охрид со 300 учесници од Балканот. „Сега имаме две причини, прославата на православна Нова година - Богојавление Водици прославата, утре ако го добиеме и тоа, сето тоа пласирано и на запад, како туристички пакети кога странците би доаѓале специјално за овие настани“, изјави Дончо Таневски, претседател на ХОТАМ. Денеска ланските кумови го предадоа кумството на новите кумови на Водици. „Кумството, мене и на моите другари Никола Дуданов и Тони Бојаџиев ни претставува големо задоволство, нормално и обврска, меѓутоа пред се задоволство бидејќи ние уште од мали се капевме за овој голем верски празник, затоа сум дојден од Словенија“, рече Игор Балевски, кум на Водици во Охрид. Во организацијата на прославата на Водици, веќе пет години активно е вклучено охридското здружение на граѓани „Богојавление“. „Целта нас ни е да го омасовиме ова фрлање на крстот, бидејќи тоа постоело и ќе постои, но нашата цел е да стане републичка манифестација и еден ден да биде центар на православието Охрид“, вели Љупчо Арнаудов, претседател на „Богојавление“. На прославата на Водици во Охрид, најпознатиот филм „Мејкери“ и најстар активен режисер во Европа, 99-годишниот португалец Мануел де Оливиера, ќе му биде доделена Светската награда за хуманизам, што лани ја востанови Охридската академија на хуманизмот.
|