Не постои основа за изнаоѓање на решение за проблемот со името до 9-ти јули, бидејќи ова прашање е деликатно и невозможен е поволен исход од преговорите до тој рок, е грчкиот став што Дора Бакојани синоќа и го пренела на Кондолиза Рајс.
На неформалната едночасовна средба, од американска страна овојпат не биле давани датуми до кога треба да се затвори овој спор, но Рајс на својата грчка колешка и порачала дека Вашингтон и понатаму ќе се залага во што е можно пократок рок двете преговарачки страни да изнајдат решение за името.
„Изразив надеж дека претстојната посета на медијаторот Метју Нимиц ќе има позитивен исход. Исто така, се надевам дека ФИРОМ ќе ја напушти предизборната реторика и ќе навлезе во суштината на преговорите за да се дојде до решение“, изјавила Дора Бакојани.
Грчката министерка за надворешни работи средбата со Рајс ја оценила како многу корисна најавувајќи дека Атина ќе бара од Македонија да ја промени реториката и однос јужниот сосед, но во истовреме да покаже поголема конструктивност за да се најде компромисно решение.
По вечерашната средба, деновиве во Македонија се очекува да допатува и Розмари ди Карло. Овој американски функционер се очекува од македонските политички елити да побара поголема конструктивност, со цел за да се дојде до скоро решение во спорот.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...