Македонија денеска на состанокот со Северноатлантскиот совет во Брисел го завршува деветтиот циклус на Акциониот план за членство (МАП), што би требало да биде последен пред добивањето покана за членство во НАТО.
Никола Груевски кој со амбасадорите на државите членки на НАТО и со генералниот секретар на Алијансата Јап де Хоп Шефер ќе разговора за последниот циклус на МАП, НАТО - програмата наменета за подготовка на земјите кандидати за членство во Алијансата.
Во македонската делегација се министрите за одбрана и за надворешни работи Лазар Еленовски и Антонио Милошоски.
Македонија очекува покана за членство во НАТО на самитот на Алијансата, што ќе се одржи од 2. до 4. април во Букурешт. Во рамките на подготовките за самитот во Брисел на 6 март ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО.
По евентуалната покана следи процесот на ратификација, што трае околу една година.
AP - Israel resumed its Gaza offensive Wednesday, bombing heavily around suspected smuggling tunnels near the border with Egypt after a three-hour lull to...